Петерхансел е победникот на релито Дакар
Објавено на 17/01/2016 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Французинот Стефан Петерхансел со Пежо е победникот на релито Дакар во делот автомобили, откако заврши на 13-то место во последната 180-километарска етапа. На второто место се најде минатогодишниот победник Насер Ал Атијах (Катар, Мини), додека трет заврши Жинел де Вилиер (Република Јужна Африка, Тојота).

Победата на релито Дакар 2016 година е 12-та во кариерата на Петерхансел. Французинот ги освои титулите кај автомобилите во 2004, 2005, 2007, 2012 и 2013 година, а кај моторциклите – во 1991, 1992, 1993, 1995, 1998 и 1998. Етапата број 13, последна за релито Дакар 2016, беше одржана на 180-километарска линија меѓу аргентинските градови Виља Карлос Паз и Росарио.

Австралиецот Тоби Прај победи во делот мотоцикли. Возачот на КТМ заврши на четвртото место во завршната 180-километарската делница, втор беше Стефан Свитко (Словачка, КТМ) во генералниот пласман, а трети остана победникот од  13 етапа Пабло Кинтанија (Чиле, Хускварна).

Маркос Патронели (Аргентина, Јамаха) победи во дисциплината АТВ на релито Дакар. На второто место заврши неговиот брат Алехандро Патронели, додека трет финишираше Брајан Барагванат (Република Јужна Африка, Јамаха).

Жерар де Рој (Холандија, Ивеко) ја освои титулата кај камионите. Второто место остана за Ајрат Мардеев (Русија, КАМАЗ), а трети се пласираше Федерико Виагра (Аргентина, Ивеко).

Тагови