Пирло ќе биде амбасадор на Јувентус
Објавено на 20/02/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на италијанскиот фудбал Андреа Пирло се враќа повторно во Италија. По нешто повеќе од една година Пирло повторно се враќа во Италија, но не како играч туку амбасадор.

Според вчерашно издание на Тутоспорт, Андреа Пирло ќе се врати во Торино и ќе продолжи како амбасадор на клубот. Според весникот управата на Јувентус е убедена дека Пирло како амбасадор ќе може многу да допринесе во градењето на интернационален бренд.

За потсетување, Пирло во Јувентус настапуваше во периодот од 2011 до 2015 година каде настапи на 119 лигашки натпревари и при тоа постигна 16 голови. Последната сезона настапуваше во МЛС и тоа за тимот на Њу Јорк Сити.

 

Тагови