Пирло: “Сите му се смеевме на Манчестер кога Погба дојде во Јувентус”

Андреа Пирло го прокоментира трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед, и се сеќава на првиот тренинг во кој се појавил Погба.

“Како да беше вчера, прво се погледнавме едни со други, а потоа почнавме да се смееме. Како е можно Манчестер да остави таков играч, тоа е дар од небото”, рече италијанскиот “Моцарт” .

Пол Погба го пропушти првиот натпревар против Бурнемут поради суспензија од Купот на Италија, но ќе дебитира на натпреварот Манчестер Јунајтед – Саутемптон.

Тагови