Пирок горд на Адеми на „Филип Втори“, словаците се изнавикаа
Објавено на 15/11/2014 | ФУДБАЛ

Можеби не навиваат, но жители од Пирок го следат мечот на Македонската фудбалска репрезентација против Словачка.

Малата група сместена на „јужна“ со транспарент му дава подршка на Аријан Адеми.

Ова е мал, но убав гест, веројатно прв пат група од албанска националност да следи меч на репрезентацијата на Арената „Филип Втори“.

Жителите од Пирок со транспарентот му посакаа и брзо опоравување на Ибраими.

И, додека поголемиот дел од гледалиштето театарски си го следеше мечот, навивачите од Словачка, околу 300 на број си се изнарадуваа на головите и не запреа со навивање.

Веројатно така се сака репрезентација.

Тагови