По 17 години Буфон си заминува од Јувентус
Објавено на 17/05/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон денеска на посебна прес конференција соопшти дека по 17 години си заминува од Јувентус.

Со солзи во очите по почетниот говор на претседателот Ањели, Буфон му се заблагодари на сопственикот на Јувентус “Ти благодарам претседателу за овие изминати години во кои имавме уникатно пријателство, базирано врз искреност. Ова е крај на една прекрасна приказна која имав среќа да ја делам со сите кои го сакаат Јувентус, Горд сум што играв за Јувентус толку години и среќен сум што заедно пребродивме многу проблеми и освоиме многу трофеи.

Во сабота на мечот со Верона ќе биде мојот последен натпревар за Јувентус. Мислам дека тоа е најдобриот начин да се простам од оваа прекрасна авантура. Да ја завршам со два важни трофеи”, изјави Буфон и се осврна околу неговиот следен ангажман.

,,Имам добиено некои понуди и возбудливи предизвици и за продолжување на кариерата, но и за работа во фудбалот. Следната недела кога се ќе се смири ќе одлучам што е најдобро за мене“-рече Буфон.

Тагови