По 28 години повторно ќе играат на СП!
Објавено на 09/10/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

По вчерашната победа над Конго од 2-1, репрезентацијата на Египет обезбеди место на СП во Русија. Египет на ова големо натпреварување ќе настапи по пауза од 28 години. Последен пат на СП настапуваше во 1990 година во Италија кога го освои последното место во групната фаза.

Инаку Египет е втората репрезентација од Африка која обезбедува пласман во Русија. Претходно место на светскиот шампионат обезбеди Нигерија, а последните три патници ќе бидат познати на почетокот на ноември за кога се закажани натпреварите од последното коло.


Тагови