(Фото галерија) По осум победи во низа, Металург поразен во Битола од Пелистер
Објавено на 15/11/2014 | МАКЕДОНСКИ СПОРТ, ФУДБАЛ

Младинска супер лига
Фк Пелистер – Фк Металург 2:1 (0:1)

Стадион: ,,Павел Шатев” – Битола
Гледачи: 100

Главен судија: Митревски Тони
Помошни судии: Ѓорѓиевски Владимир и Кочовски Васко (сите од Битола)
Контролор: Стојановски Златко (Битола)

Жолти картони: Мицевски Стефан, Неданоски Александар, Крклински Христијан, Ристески Дарко и Јовановски Андреј (Пелистер), Костадиновски Стојанче, Кривањева Бесарт, Радески Мартин и Јевтоски Стефан (Металург)
Црвени картони: нема

Стрелци: Крклински 53 и Таировски 63 за Пелистер, Кривањева 41 за Металург

Пелистер:
Ристевски, Богдановски, Крклински, Таировски, Неданоски, Мицевски, Кузманов (Јовановски 46), Белевски, Темелковски (Марковски 78), Раиф, Поповски

Металург:
Лазаревски, Радески, Каранфиловски (Алији 55), Јевтовски, Шоповски С. (Зејринов 55), Сукара (Мирчески 76), Шопоски Т., Костадинов, Чаволи, Кривањева, Крстески

Во едни одлични временски услови, на стадионот со вештачка трева ,,Павел Шатев” во Битола, Пелистер успеа да ја прекини одличната серија на Металург од осум победи во низа. Домашните зелени, кои по катастрофалниот пораз во Скопје од Работнички, останаа без својот тренер Алтипармаковски, мораа на само неколку дена пред натпреварот со Металург за старо-нов тренер да го имаат Сашо Илиевски, кој по се и тоа добро знае како против Металург. Во првото полувреме иако домашните беа тие што создаваа шанси пред голот на гостинскиот голман Лазаревски, сепак во 41 минута преку Кривањева успеа да стигнат до водство од 0:1, со што заминаа на одмор меѓу двете полувремиња. Во второто полувреме домашните направија замена, па така на местото Кузманов кој доби удар во глава при еден дуел во првото полувреме, во игра влезе Јовановски. Прашање на време кога гостите ќе капитулираат на одличната игра на Пелистер, па така во 53 минута при еден слободен удар на домашните, Крклински најдобро се снајде и со удар со глава донесе израмнување на резултатот. По само 10 минута игра, односно во 63 минута при една контра-акција на домашните повлечена од нововлезениот Јовановски центрираше, а Таировски донесе пресврт и водство на домашните. Со оваа победа Пелистер ја прекина серијата од лоши резултати, но исто така ја прекинаа и одличната серија од осум победи во низа.

pel-met2

pel-met3

pel-met4

pel-met5

pel-met6

pel-met7

pel-met8

pel-met9

pel-met-mladinci

Фото: Дејан Ј.

Тагови