Полска 2017: Шпанија со најскап, Македонија со најевтин состав

Младата репрезентација на Шпанија со 269,5 милиони евра е најскапата репрезентација на Европското првенство за фудбалери до 21 година кое овој месец се одржува во Полска. Во превод фудбалерите кои ќе настапат за Шпанија заедно вредат колку сите фудбалери на младинските репрезентации на Англија, Србија, Чешка, Полска, Словачка, Данска, Шведска и Македонија заедно.

По Шпанија со 214,7 милиони евра следи Италија односно Португалија со 131,83 милиони евра.

Инаку репрезентацијата на Македонија е далеку со најниска пазарна вредност. Така 23те фудбалери кои ќе настапат на ова ЕП заедно вредат 7,73 милиони евра. Шведска со 14,49 милиони евра е репрезентацијата со најблиска вредност. Инаку во однос на противниците на нашата репрезентација, покрај тоа што Шпанија и Португалија имаат далеку поскапи репрезентација, фудбалерите на Србија заедно вредат 43,25 милиони евра.

Во пракса се покажа дека парите не играат и не секогаш победуваат во спортот, а се надеваме дека за ова ќе се погрижат и нашите репрезентативци кој ќе ги “заматат” плановите на останатите репрезентации во групата.

Тагови