Полскиот ракометен шампион остана без спонзор
Објавено на 10/08/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, РАКОМЕТ

Полскиот ракометен клуб Виве Кјелце беше напуштен од својот главен спонзор. Енергетската компанија “Таурон”, која го обезбедуваше голем дел од буџетот на тимот во последните три години, одлучи да ја прекине соработката меѓу двете страни.

Компанијата дури беше вклучена во името на клубот – Виве “Таурон” Кјелце, со што екипата стапна на европскиот врв во клупскиот ракомет во 2016 година, освојувајќи ја Лигата на Шампионите. Покрај овој трофеј, играчите на легендарниот Талант Дујшебаев триумфираа во сите домашни турнири од 2014 година наваму.

Од оваа сезона дресот на полскиот шампион ќе го носи и поранешниот играч на Вардар Алекс Дујшебаев кој е син на познатиот Талант. Од 2018 уште еден вардарец ќе замине таму, и тоа најдобриот среден бек на нашиот шампион Лука Циндриќ.

Тагови