Porsche размислува за влез во F1
Објавено на 29/04/2018 | АВТО МОТО

Спортскиот германски бренд и дел од VW групацијата, Porsche, планира да се приклучи на F1 шампионатот од 2021 година. Оваа вест пристигна од Штутгарт, а можноста ја потврди и директорот на тимот на Porsche кој се натпреварува во DTM шампионатот, Герхард Бергер.

“Порше размислува за влез во F1 2021. Eдинствено се чека само воведувањето на новите правила за мотори кои ќе бидат објавени во мај, па потоа ќе одлучиме” изјави Бергер. Шпекулациите околу дебито на Porsche во F1 се се погласни откако годинава и Аlfa Romeo се врати во ова натпреварување, со што Volkswagen групацијата и понатаму остана компанија која нема претставник во ова елитно натпреварување.

Инаку, историски, иако Фердинанд Порше во 20те и 30те години дизајнираше неколку Гранд При возила за Mercedes и Auto Union, Porsche никогаш нема настапувано во најелитниот мото спорт. Сепак треба да се напомени дека германскиот производител индиректно беше дел од овој шампионат произведувајќи мотори за неколку F1 конструктори.

Тагови