Португалија и Франција во Русија, Грција не играше фудбал но стигна до бараж

Синоќа се одиграа последните натпревари од светските квалификации во зона “Европа”. По нив кон учесниците на Мундијалот 2018 се приклучија финалистите од последното Европско првенство – Португалија и Франција. Роналдо и дружината победија во решавачката битка против Швајцарија со 2:0 и завршија како победници во својата група “Б”, надминувајќи ги “крстоносците” по гол разлика. Во исто време “петлите” победија со 2:1 дома против Белорусија и заврши на врвот во групата “А”. Во бараж оди Шведска, која загуби со 0:2 од Холандија, но финишира на втората позиција поради предноста во гол разлика во однос на “лалињата”.

Грција не допушти изненадување против фудбалските рекреативци од кои младинци ние чудесно загубивме – Гибралтар и победи со 4:0, и на тој начин, исто така си обезбеди учество на баражот. Јужните наши соседи среќно и со две попуштени победи против Кипар го освоија второто место во групата “Х” со два поени повеќе од Босна и Херцеговина, која загуби од Кипар кој играше за Грција.

Тагови