Повреда на Озил, Арсенал го губи Рабиот, еве што е ново во Арсенал (ВИДЕО)
Објавено на 18/01/2016 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Во вчерашниот натпревар помеѓу Стоук и Арсенал, игачот на Арсенал, Месут Озил во дуел со играчите на домаќините се здоби со повреда на ногата. Сепак навивачите на Арсенал не треба да се загрижени, бидејќи како што изјави Арсен Венгер повредата не е сериозна и дека отсуството од терените на Германскиот репрезентативец од турско потекло нема да биде подолго од неколку дена. Арсен Венгер се надева дека ќе биде целосно опоравен за следниот викенд кога Арсенал ќе го пречека градскиот ривал, Челзи. Исто така на прашање на новинарите, Арсен Венгер изјави и дека не би сакал да ризикува со Алексис Санчез и дека најверојатно Чилеанскиот интернационалец ќе го пропушти Лондонското дерби.

 Арсенал ја губи битката за Рабиот

Арсенал ја губи трката за Адриен Рабиот. Како што пренесуваат медиумите од Велика Британија, сега Манчестер Јунајтед е на пол позиција за потписот на овој 20 годишен фудбалер на ПСЖ. Иако уште во летниот преоден рок, Арсен Венгер  настојуваше да го ангажира Рабиот, сепак преговорите помеѓу Арсенал и ПСЖ не вродија со плод. Од друга страна пак, агентот на Рабиот веќе подолго време инсистира тој да ги напушти редовите на Парижани, пред се поради малата минутажа што ја има. Ова го потврди и Рабиот кој во неколку изјави за француските медиуми потенцираше дека сака да се наметне на Францускиот селектор за престојното Европско првенство кое се игра токму во Франција.
До сега, овој млад Французим има одиграно 65 натпревари за ПСЖ на кој постигна 6 голови.

 

 

Кошчиелни: Среќен сум во Арсенал

Лорент Кошчиелни за медиумите во Франција изјави дека е среќен во Арсенал и дека не планира да ги напушти редовите на “Топџиите”. Овој искусен одбранбен играч сподели со јавноста дека имал можност да премине во редовите на еден од трите заинтересирани клубови за него, но тој без двоумење ги одбил сите понуди.  Кошчиелни е член на Арсенал уште од 2010 година кога дојде од екипата на Лориент. За “Топџиите” има одиграно над 150 натпревари на кои има постигнато 14 погодоци.

 

Видео преглед на натпреварот Стоук-Арсенал

 

 

Тагови