Познат и четвртиот финалист на завршниот турнир од АТП
Објавено на 17/10/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Австриската тениска ѕвезда Доминик Тим е четвртиот сигурен учесник во последниот за годината турнир финалето на АТП, кој ќе се одржи меѓу 12-ти и 19-ти ноември во Лондон.

24-годишниот австриец се приклучува на другите со обезбедени квоти – Роџер Федерер, Рафаел Надал и Александар Зверев.

Така, половина од листата на играчи за Лондон е подготвена, а останатите четири места ќе имаат жестока битка во наредните недели. Марин Чилиќ во моментов е на петтата позиција во рангирањето со 3535 поени, следен од Григор Димитров, кој има 3455. Давид Гофен е седми во 2750 поени, а Пабло Карењо-Буста е засега на последната позиција, која дава право на учество, со предност од 2605.

Сем Квери (2525), Кевин Андерсон (2425), Ник Кирјос (2010), Томаш Бердих (2005) и Роберто Баутиста-Агут (1925) исто така до последно ќе се надеваат за место во топ 8.

Тагови