Позната и седмата тенисерка за завршниот турнир на ВТА
Објавено на 05/10/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Шампионот на Ролан Гарос, Jeлена Остапенко од Латвија обезбеди место на завршниот ВТА турнир за годината.

Наградата за 7 милиони долари ќе се одржи од 22-ри до 29-ти октомври во Сингапур.

Таа е седма тенисерка, која си загарантира место во престижната конкуренција, по Габриел Мугуруза (Шпанија), Симона Халеп (Романија), Каролина Плишкова (Чешка), Елина Свитолина (Украина), Винус Вилијамс (САД) и Каролин Вознацки (Данска).

Тагови