Познати патниците и од Америка на ракометниот мундијал во Франција
Објавено на 20/06/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, РАКОМЕТ

Македонската ракометна репрезентација ги анулираше оние шест гола негатива од Злин против Чешка и со триумфот 34-27 во Скопје обезбеди пласман на Светското Првенство во Франција. Избраниците на Лино Червар ќе ги дознаат својте противници на 23 јуни, а ИХФ ги објави “шеширите”, па така може да погодуваме кој од останатите земји учесници може да биде наш противник. Македонија е во третиот  “шешир”, а за тоа може да прочитате ТУКА

Познати се и претставниците од Америка, а тоа ќе бидат Бразил, Чиле и Аргентина, не е познат само уште последниот патник, кој ќе го одреди ИХФ со т.н. “вајлд-карта”

Покрај домаќинот Франција која е и актуелен светски првак, тука е и Катар кој беше светски вице-шампион на последниот Мундијал кога беа домаќини. Тука се и Германија која беше европски првак, Шпанија која беше втора на Европското во Полска и Хрватска која беше трета. Африка ќе ги има Египет, Тунис и Ангола на овој мундијал. Азија ќе ги има Јапонија, Саудиска Арабија и Бахреин. Покрај Македонија пласман преку баражот од Европа обезбедија иШведска, Полска, Русија, Унгарија, Исланд, Словенија, Белорусија и Данска. 

СП во Франција ќе започне на 11 јануари и ќе трае се до 29 јануари 2017 година.

Тагови