Македонија на 23 јуни ќе ги дознае своите противници на мундијалот во Франција
Објавено на 17/06/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, РАКОМЕТ

Македонската ракометна репрезентација ги анулираше оние шест гола негатива од Злин против Чешка и со триумфот 34-27 во Скопје обезбеди пласман на Светското Првенство во Франција.

Избраниците на Лино Червар ќе ги дознаат својте противници на 23 јуни, но ИХФ се уште не ги објавила “шеширите”, па така сеуште неможе да погодуваме кој од останатите 23 земји учесници може да биде наш противник.

Покрај домаќинот Франција која е и актуелен светски првак, тука е и Катар кој беше светски вице-шампион на последниот Мундијал кога беа домаќини. Тука се и Германија која беше европски првак, Шпанија која беше втора на Европското во Полска и Хрватска која беше трета. Африка ќе ги има Египет, Тунис и Ангола на овој мундијал. Азија ќе ги има Јапонија, Саудиска Арабија и Бахреин. Покрај Македонија пласман преку баражот од Европа обезбедија и Шведска, Полска, Русија, Унгарија, Исланд, Словенија, Белорусија и Данска. Додека од Америка ќе гледаме тројца, некој од Аргентина, Чиле, Уругвај и Бразил, а последниот патник ќе го одреди ИХФ со т.н. “вајлд-карта”.

СП во Франција ќе започне на 11 јануари и ќе трае се до 29 јануари 2017 година.

Тагови