Познати уште два патника за Русија

По денешните натпревари од последното коло на светските квалификации во зона “Европа” станаа јасни имињата на уште два сигурни учесници на завршницата во Русија следната година. Тоа се тимовите на Србија и Исланд. Двете екипи постигнаа тешки, но многу вредни победи. Србите победија со минимални 1:0 против Грузија, а исланѓаните го надиграа со 2:0 Косово. Двете тима завршија први во групите “Д” и “И”.

Покрај тоа, два тима обезбедија бараж. Тоа се Ирска и Хрватска. Ирците победија со 1:0 во директниот судир за втората позиција во групата “Д” против Велс. Сепак, во групата И, Хрватска победи како гостин на Украина и ја обезбеди својата втора позиција.

Тагови