Познато колку ќе паузира Кристијано Роналдо
Објавено на 08/05/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Добри вести стигнуваат од Мадрид кога е во прашање повредата на Португалскиот ас, Кристијано Роналдо.

Според шпанска ”Мarka” Роналдо ќе се опарави токму навреме за да биде фит за настапат во големето финале на Лигата на шампионите. По деталните медицински прегледи констатирано е дека се работи за повреда на скочниот зглоб и дека потребна е пауза од една седмица.

Роналдо ќе ги пропушти наредните два дуели против Севиља и Селта Виго, за од понеделник да започне со полесен тренинг, со што би имал доволно време да се спреми за финалниот дуел против Ливерпул кој ќе се игра на 26ти мај во Киев.

Тагови