Предлог тип за Арсенал – Манчестер Сити
Објавено на 25/02/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Топџиите се специјализираа за освојување на домашните куп натпреварувања во последниве години, но денес се соочуваат со огромен предизвик да го победат лидерот на Премиер Лигата, Манчестер Сити на Вембли.Првиот трофеј во Англија за оваа календарска година ќе се додели денес, а за него ќе се борат Арсенал и Манчестер Сити во финалето на Карабао Купот кое ќе се одигра на Вембли со почеток во 17:30 часот.

Квоти за натпреварот

Тимот на Пеп Гвардиола важи за голем фаворит за освојување на трофејот на денешниот натпревар. Квотата за победа на Манчестер Сити во регуларниот дел е 1,60, за нерешен резултат во регуларните 90 минути игра квотата се движи околу 4,50, додека за победа на Арсенал огромни 5,50.

Овие квоти се однесуваат само за регуларните 90 минути игра, но доколку играте Манчестер Сити да го подигне трефејот, без оглед на кој начин ќе стигнат до победата, дали е тоа во продолженија или пенали, квотата е 1,35, додека за топџиите да се закитат со трофејот во Карабао Купот квотата е 3,35.

Вести за повреди, суспензии и почетни состави

Во тимот на Манчестер Сити нема да настапи Фабијан Делф кој е суспендиран по црвениот картон кој го заработи на последниот натпревар во ФА купот, додека Габриел Жесус би можел да настапи за прв пат по повредата која го оддалечи од фудбалските терени повеќе од два месеци, а Рахим Стерлинг се пожали на ситна повреда, но ќе му биде на располагање на тренерот. Во тимот веќе од поодамна не е на располагање ниту Бенџамин Менди. Останатите фудбалери му се на располагање на тренерот Пеп Гвардиола во битка за првиот трофеј сезонава.

Во тимот на Арсенал ќе отсуствува летното засилување Александер Лаказет поради повреда, како и Санти казорла кој веќе подолг период е повреден. На ситна повреда се жали и Арон Ремзи, но тој ќе биде на располагање на тренерот за овој натпревар. Останатите фудбалери му се на располагање на Венгер, вклучувајќи ги и новите зимски засилувања Аубамејанг и Михитаријан.

За Манчестер Сити во почетниот состав ќе настапат:

Едерсон, Вокер, Отаменди, Компани, Данило, Д.Силва, Фернандињо, де Бруин, Стерлинг, Сане и Агуеро.

За Арсенал во почетниот состав ќе настапат:

Оспина, Белерин, Мустафи, Кошчиелни, Монреал, Елнени, Ремзи, Џака, Озил, Михитаријан и Аубамејанг.

Наша прогноза: Тип ГГ&4+

Очекуваме голем број на погодоци на овој натпревар со оглед на податокот дека и двете екипи играат многу офанзивен фудбал. Наша прогноза е дека двете екипи ќе постигнат најмалку по еден гол во противничката мрежа, а притоа на натпреварот ќе има 4 погодоци.

Во првиот натпревар оваа сезона во Премиер лигата, Манчестер Сити победи со резултат 3-1 на домашен терен, додека на последните 6 меѓусебни натпревари, 4 натпревари завршиле со 4 или повеќе погодоци, а притоа двете екипи постигнале гол.

Тагови