Предлог тип за Манчестер Јунајтед – Ливерпул
Објавено на 10/03/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Денес на програмата се игра големото дерби во англиската Премиер лига каде Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе го пречека Ливерпул, во директен дуел за втората позиција на табелата. 

Избраниците на Јирген Клоп се наоѓаат во одлична форма пред дуелот со лутиот ривал предводен од Жозе Мурињо, а дополнителен плус за нив е што изминатава недела го заверија пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите и целосниот фокус им е ставен на денешниот натпревар. За разлика од нив, екипата на Манчестер Јунајтед следната недела има обврска во Лигата на шампионите, па во мисли ќе го имаат и дуелот со Севиља. Сепак, кога се работи за една од најголемите дерби пресметки на “Островот”, со сигурност и двете екипи ќе влезат во безпоштедна битка за освојување на трите бода.

Во пресрет на големото дерби, шефот на стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека нема ништо спорно во тактиката на својот колега на спротивната страна (Жозе Мурињо), додавајќи дека секој има свој начин за водење на тимот и формула како да се добие фудбалски натпревар. Тој беше искрен и потврди дека Манчестер јунајтед во изминатите неколку години е многу поуспешен тим во однос на Ливерпул.

„Знам што велат луѓето, тие играат еден специфичен начин на теренот, ние играме специфичен начин и сите прават нешто големо од тоа. Но, поентата е во победите. Постојат различни видови на начини како да добиете фудбалски натпревари, но ние имаме различна историја во текот на последните неколку години. Во последните неколку години Манчестер јунајтед беше многу поуспешен од нас, тоа е вистината, ние го почитуваме тоа, но тоа не го уништува овој момент, морам да бидам искрен. На денешниот дуел одиме на победа“ – изјави Клоп.

jurgen-klopp

Квоти за натпреварот

Колку овој натпревар ќе биде интересен и неизвесен говори податокот дека и квотите за двата тима се изедначени. За победа на “Црвените ѓаволи” на овој дерби натпревар, квотата изнесува 2.85. Идентична е квотата и за победа на Ливерпул на “Олд Трафорд”.

За нерешен резултат на средбата е поставена квота од 3,35.

Вести за повреди, суспензии и почетни состави

Пол Погба се пожалил на болки во мускулот на тренингот на тимот во петокот. Тоа предизвика загриженост кај Жозе Мурињо, бидејќи Погба е една од најважните алки во составот на “црвените ѓаволи”. Најавен е во почетниот состав, но екипата на Манчестер Јунајтед следната недела има и многу значаен натпревар во Лигата на шампионите, против екипата на Севиља, па може да се случи тој да биде поштеден, а неговото место во составот да го заземе Маруан Фелаини, кој се врати од повредата која ја имаше. Во нападот ќе го нема Марсијал кој е повреден, па покрај Лукаку и Алексис, место во нападот ќе добие и Лингард.

За овој натпревар, Мурињо на располагање ќе ги нема ниту подолго време повредените Блинд, Рохо, Џонс и Андер Херера. Ниту Златан Ибрахимовиќ нема да биде во комбинација за настап поради недоволна подготвеност.

Јирген Клоп на располагање ќе го има речиси најсилниот состав со кој располага во моментов.

Натаниел Клајн е фудбалерот кој веќе подолго време е повреден и со сигурност ќе го пропушти денешниот дуел. Единствена дилема кај Клоп е дали во стартниот тим да започне капитенот Хендерсон кој се пожалил на повреда по натпреварот со Порто или да стартува со Окслејд Чембрлејн. Во одбраната се враќаат Александер-Арнолд, ван Дајк и Робертсон кои добија одмор во вторникот, а друштво ќе им прави Ловрен за комплетирање на одбранбената линија. Во нападот Клоп ќе настапи со своето ударно трио. Салах се враќа во стартниот состав и заедно со Мане и Фирмино ќе бидат константна закана за противничкиот гол.

За Манчестер Јунајтед во почетниот состав ќе настапат:

Давид де Геа, Валенсија, Линделоф, Смолинг, Јанг, Матиќ, Погба, Мектоминај, Лингард, Алексис и Лукаку.

За Ливерпул во почетниот состав ќе настапат:

Кариус, Александер-Арнолд, Ловрен, ван Дајк, Робертсон, Емре Џан, Хендерсон, Милнер, Мане, Салах и Фирмино.

Наша прогноза: Тип ГГ

На последните десет премиерлигашки средби помеѓу овие два тима, кога домаќин бил Манчестер Јунајтед, дури осум пати се треселе мрежите на двете екипи, па за очекување е и денес двата тима да постигнат гол.

Наш предлог тип е дека традицијата ќе продолжи ќе гледаме возбудлив фудбал со многу голови во двете мрежи.

Натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул се игра со почеток од 13 часот и 30 минути.

Тагови