Предлог типови за Лига Европа
Објавено на 22/02/2018 | Slider, ТИПОВИ

Атлетико Мадрид – ФК Копенхаген

Домаќините го осигураа пласманот уште во претходниот натпревар, победувајќи со 4-1 на гости, па така Диего Симеоне фокус ќе стави на домашната ЛаЛига, а на денешниот натпревар предност да добијат играчите кои имаат помала минутажа.

Данците треба да постигнат четири погодоци без да примат ниту еден, на жешкиот терен на Ванда Метрополитано, а тоа последен пат му успеало на Виљареал во далечната 2007 година, што практично е невозможно ФК Копенхаген да се пласира во следната рунда.

Наша прогноза: Тип 0-2 гола

Квотите за 0-2 гола се одлични, а особено тоа е исплатливо кога домаќин е Атлетико Мадрид, уште повеќе кога Симеоне е во ситуација да го брани водството, без обврска да напаѓа кон противничкиот гол. Па така, реално е да очекуваме домаќините да ја бранат својата предност од првиот натпревар, да биде слабо темпо без трошење на играчите и мал број на погодоци.

Зенит – Селтик

Играчите на Брендон Роџерс имаат предност од 1-0 по првиот натпревар, но дали ќе биде доволна за пласман во следната рунда од натпреварувањето. Селтик ќе се соочи со сериозен тест на гостински терен кај Зенит, бидејќи таму паѓале и многу поголеми и поквалитетни екипи од шкотскиот првак.

Роберто Манчини и неговиот Зенит спремни и во полн состав ќе го дочекаат Селтик со надеж дека ќе ја анулираат брзо предноста на гостинот и релаксирани и со помош од навивачите да тргнат во офанзива за пласман во следната рунда.

Наша прогноза: Тип 1 (-1)

Квотата за победа на Зенит со повеќе од 1 гол разлика е одлична и се движи околу 2,70. Сметаме дека Зенит е многу поквалитетен тим од Селтик и на крилата на домашните навивачи ќе оствари триумф доволен за пласман во следната рунда. Наш предлог е дека Зенит ќе победи во натпреварот уште по првите 90 минути со два гола разлика.

Арсенал – Остерсундс

Топџиите одиграа одличен натпревар претходната недела на гостувањето во Шведска, покажувајќи дека се многу поквалитетен тим од швеѓаните. Арсенал веќе го осигура својот пласман уште по првиот натпревар, па за очекување е Арсен Венгер да ги одмори своите најдобри фудбалери за претстојниот предизвик кој ги очекува во финалето на Купот против Манчестер Сити и шанса за настап на денешниот натпревар да им даде на резервите.

Наша прогноза: Тип 1 и 2-4 гола

Иако Арсенал ќе настапи со своите резерви кои поретко добиваат шанса за настап, за очекување е фудбалерите кои ќе настапат да го дадат својот максимум за да го убедат својот менаџер дека заслужуваат место во првиот тим. Арсенал е многу поквалитетен тим од Остерсундс, па наш предлог тип е дека топчиите ќе победат и вечерва, а притоа бројот на постигнати голови ќе се движи во граница од 2 до 4 гола.

 

Тагови