Предлог типови за НБА играчи
Објавено на 22/02/2018 | Slider, КОШАРКА

По еднонеделна пауза поради All Star натпреварот во НБА, вечерва се враќаат натпреварите од регуларниот дел во НБА лигата. Оваа пауза им беше добредојден на сите, поготово на играчите, кои со нови сили ќе тргнат во офанзива по местата кои водат во Плеј-оф разигрувањето за титулата.

Вечерва на програмата се натпреварите:

  • Шарлот Хорнетс – Бруклин Нетс
  • Орландо Меџик – Њујорк Никс
  • Чикаго Булс – Филаделфија 76ерс
  • Кливленд Кавалирс – Вашингтон Визардс
  • Сакраменто Кингс – Оклахома Сити Тандер
  • Голден Стејт Вориорс – Лос Анџелес Клиперс

Предлог типови:

  1. Двајт Хауард 16,5 плус
  2. Џонатан Симонс 13,5 минус
  3. Џордан Кларксон 13,5 плус

1. Двајт Хаудард игра во одлична форма и редовно ја преминува оваа граница. Вечерва опонент ќе му биде Џерет Ален од Бруклин, кој во ниеден сегмент од играта не може да му парира во рекетот, ниту физички, ниту во скокот, ниту поентерски, ниту во одбрана. Ќе биде тоа игра на мачка и глушец и тоа Хауард мора да го искористи. Одморот одлично им дојде на сите кошаркари, посебно него и затоа вечерва ќе има целосна минутажа. Многу е мала веројатноста да се случи blow out, бидејќи Бруклин е солидна екипа, која игра добро и остварува добри резултати, додека пак Шарлот игра многу променливо во последно време.

Хауард на 9 од последните 12 натпревари ја преминуваше границата од 16,5 поени. Бруклин е една од најслабите екипи кога е во прашање дефанзивата од позиција центар, од каде што примаат во просек по 25 поени по натпревар. Судејќи по сите критериуми, Хауард би требало да има лесен натпревар со голем број на поени.

2. Џонатан Симонс игра во се послаба и послаба форма, а неговата минутажа се повеќе се намалува со враќањето на првите ѕвезди во екипата, како и се поголемата минутажа која ја добива хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња. Тој се помалку е активен во нападот, има многу мала улога, нема напади за негова завршница и поените кои ги постигнува се најчесто од индивидуални акции, кој се реткост во последните натпревари. Вучевиќ, Фурниер, Гордон и Хезоња имаат предност во нападот во однос на Симонс и вечерва нема да има повеќе од 10 шутеви. Тоа е сосема доволно, со оглед на процентот на ефикасност да не даде повеќе од поставената граница.

3. Кларксон играше во одлична форма во дресот на ЛА Лејкерс, а одличната форма ја пренесе и во дресот на Кливленд. И покрај тоа што не игра во првата петорка на екипата предводена од ЛеБрон Џејмс, Кларксон заедно со новото засилување Родни Худ имаат голема слобода и многу овластувања кога се на паркетот. Иако, не ги стартува натпреварите, тој има многу поголема минутажа во текот на натпреварот и најважно од се во заршницата, добивајќи предност пред Чеди Осман кој има улога на стартер.

Вечерва очекувам уште поголема минутажа за Кларксон, најмалку 23-24 минути, со уште поголема улога во нападот и над 15 шутеви. Во моментов тој има постигнато 14 и 17 поени на две утакмици за Кливленд и 23 минути игра во просек.

Се очекува многу ефикасен натпревар, со голем број на поени за двете екипи, бидејќи и двете екипи играат многу офанзивна кошарка. По квалитет се израмнети екипи, па blow out не е опција на вечерашниот натпревар.

Судејќи по се, Кларксон би требало да има солидна минутажа вечерва, со голем број на шутеви, еден од најефикасните играчи-поентери е во екипата, а и границата која ја има е одлична и истата би требало лесно да ја надмина. Во Лејкерс на последните натпревари редовно ја надминуваше.

Со среќа!

Тагови