Премиер Лига: Најава на 26. коло + предлог типови

26. коло од Премиер Лигата кое започнува денес од 13:45 со натпреварот помеѓу Сандерленд и Манчестер Јунајтед, ни донесува неколку интересни натпревари. Арсенал и Лестер е првиот од нив. Во пресрет на ова коло Лестер е лидер на табелата со 53 поени пет повеќе од Арсенал кој е на третата позиција. Лестер во претходните две кола славеше против Ливерпул и Манчестер Сити, а дали ќе има сили да слави и против Арсенал останува да видиме во недела од 13:00 часот.

Во недела од 17:15 играат и Манчестер Сити и Тотенхем. И овој како и натпреварот помеѓу Арсенал и Лестер е во фокусот на вниманието пред се поради тоа што Тотенхем е второпласиран со 48 поени еден повеќе од Манчестер Сити. Овие два натпревари можат или да го направат Лестер на мал чекор до титулата, во случај на реми во Манчестер и победа на Лестер во Лондон или пак да ја направат завршницата од Премиер Лигата уште поинтересна, а особено доколку Арсенал слави на домашен терен.

Низата на натпревари без пораз Челзи на домашен терен ќе ја продолжува против Њукасл. Барем такви се очекувањата на навивачите на Челзи. Зума и Фалкао се единствените повредени кај домаќините и нема да настапат на овој натпревар додека пак кај гостите поради повреда ќе отсуствуваат Крул, Гуд, Обертан и Хаидара. На последните пет меѓусбни натпревари овие екипи имаат по две победи и еден нерешен. Како и да е, очекуваме и ова да биде интересен натпревар иако Челзи ја има фаворитската улога.

Ливерпул без Шкртел, Инглс и Ловрен гостува на Вила Парк во Бирминген кај Астон Вила. Астон Вила е последно пласирана екипа и аутсајдер во пресрет на овој натпревар, сепак победите против Кристал Палас и Норич во полседните пет натпревари како и двете нерешени против Лестер и ВБА им овоможува на домаќините да се надеваат за опстанок во Премие Лигата. Од друга страна пак, Клоп мора да победи со цел да ја врати довербата кај навивачите на Ливерпул кои најпрво протестираат против управата на клубот поради скапите влезници, а потоа изразија и незадоволство кон тренерот и играчите поради слабиде резултати.

Во продолжение е комплетниот распоред за ова коло од Премиер Лигата како и предлог типовите за ова коло.

Барнмаут - Стоук
Една победа, еден нерешен и три порази. Тоа е скорот на Стоук на последните пет натпревари (во ПЛ)  наспроти двете победи, едниот нерешен и двата порази на Барнмаут. Гостите играа одлично во првиот дел од сезоната, но сепак во новата календарска година бележат доста слаби резултати. На првиот натпревар оваа сезона Стоук славеше со 2-1, а на овој натпревар ние очекуваме најмалку нерешен за гостите иако според нас можна е и победа. Нашиот предлог тип е X2, a коефициентот за овој тип се движи од 1,70 до 1,80 во зависност од обложувалницата  
Астон Вила - Ливерпул
Пет натпревари во сите натпреварувања Ливерпул нема победа. Можеби е редно да победи, а и коефицентот не е лош за двојка (1,85), сепак ние мислиме дека ова ќе биде доста неизвесен антпревари, а нашиот предлог тип е ГГ  
Манчестер Сити - Тотенхем
Изгуби ли Манчестер Сити, а победи Арсенал или Лестер, тогаш дефинитивно Граѓаните ќе го изгубат чекорот за титулата. Иако Давид Силва, Бони, Де Брајн, Компани, Насри, Навас и Мангала нема да настапат на овој натпревар, сепак мислиме дека домаќините нема да изгубат. Наш предлог тип 1X    

НАЈАВАТА ЗА НАТПРЕВАРОТ САНДЕРЛЕНД – МАНЧЕСТЕР Ј. ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТУКА

ПОВЕЌЕ ОКОЛКУ СТАТИСТИКИТЕ ЗА ПРЕМИЕР ЛИГАТА МОЖЕТЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Тагови