Проклетството на Јувентус и Буфон продолжува
Објавено на 04/06/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Проклетството на Јувентус и Џанлуиџи Буфон и натаму продолжува. Седмо загубено финале за Јувентус, далеку повеќе од било кој клуб и трето за Буфон кој никако да успее да го склопи мозаикот на трофеи со еден од Лигата на Шампионите.

Јувентус од 1973 година вкупно девет пати играл финале, но само два пати освоил и тоа 1985 и 1996 година. Јуве исто така е единствена екипа која во модерната ера на Лигата на Шампионите играл три сезони по ред во финале и тоа во периодот од 1996 до 1998 година, но само еднаш успеал да слави.

Во новиот милениум вкупно три пати беше дел од финалните натпревари и тоа 2003 против Милан кога загуби на пенали, 2015 кога загуби од Барселона и вчера кога беше убедливо совладан од Реал Мадрид. Иако во Италија долго време царува, Бјанконерите за разлика од на пример Милан, се мачи во Лигата на Шампионите.

Неутралните навивачи вчера не навиваа ниту за Јувентус ниту за Реал Мадрид. Нивните симпатии беа наколените кон Џанлуиџи Буфон која ги има освоено (речиси) сите можни титули, но не и Лигата на Шампионите. Во својата кариера Буфон играше три финалиња и сите три со екипата на Јувентус кој ги загуби истите. Легендата на светскиот фудбал ќе има само уште една шанса и тоа следната сезона по чиј крај и ќе се пензионира.

 

Тагови