Прва македонска лига: Најава на 10-то коло + типување

Во сабота со почеток од 14.30 часот започнува 10-то коло во првата македонска фудбалска лига. Лидерот Шкендија ќе гостува кај шампионот Вардар во дербито од колото, а изненадувањето Академија Пандев ќе го пречека Шкупи. Четвртиот Силекс ќе оди кај тимот на Скопје кој е последен, додека дерби ќе има и во друг дел на Македонија – Пелистер против Победа, кој имаат по 9 бода на 6-та позиција. Работнички од  кој започна лошо оваа сезона ќе бара бодови кај Ренова со која има по 7 бода во зоната на испаѓање.

Типување на 10-то коло во Супер лигата:
Скопје – Силекс: 0-2
Академија Пандев – Шкупи: 1
Ренова – Работнички: 0-2
Пелистер – Победа: Х
Вардар – Шкендија: 1

Тагови