Прва победа во последниот натпревар (ВИДЕО)
Објавено на 06/08/2016 | РАКОМЕТ

По шесте порази по ред, нашите најдобри јуниори забележаа победа во последниот натпревар на ова Европско Првенство и тоа против Русија по продолженија со 33-32.

Нашите ракометари го одиграа најдобриот натпревар на ова Европско Првенство. Првиот дел беше одбележан со неколку пресврти за по 30 минути игра Русија да поведе со 14-13. И вториот дел заврши со идентичен резултат, но во полза на Македонија и со 27-27 заврши регуларниот дел од натпреварот.

Иако во продолженијата први поведоа Русите, сепак Македонија успеа да оствари предност од 6-5 и со конечни 33-32 ја забележа првата победа.

Со оваа победа Македонија го завршува Европското Првенство на претпоследната, 15 позиција, единствено пред Русија.

Тагови