ПСЖ ги “собра” домашните титули!
Објавено на 09/05/2018 | ФУДБАЛ

Тимот на Париз Сен Жермен го освои трофејот во Купот на Франција, обединувајќи ги сите три домашни титули, откако претходно го освои и вториот домашен куп, како и титулата во францускиот шампионат.

“Светците” ја оправдаа фаворитската улога славејќи со 2-0 против нисколигашот Ле Хербие, за кои и пласманот во големото финале на “Стад де Франс” е огромен успех.

Ло Челсо го донесе ПСЖ во водство во 26та минута, а триумфот го завери Единсон Кавани со гол од пенал во 74та минута.

Тагови