ПСЖ по Нејмар го носи и Мбапе

Пари Сен-Жермен продолжува да ги разбеснува европските фудбалски гиганти и да си игра со Финансискиот ферплеј. Пред една недела парижаните ги срушија сите записи, плаќајќи 222 милиони евра за Нејмар, а сега прават и втор најскап трансфер во историјата.

Килиан Мбапе ќе биде претставен како нов играч во Пари Сен Жермен, за импресивни 180 милиони евра платени за него. Засега, Монако негираше дека постигнал договор за продажба на 18-годишниот талент што го бараат речиси сите водечки европски клубови.

Се тврди дека таткото на Мабепе го убедил Монако да го ослободи играчот уште од ова лето, наместо да го држи уште 12 месеци.


Тагови