Пујол ги “подгрева” шпекулациите околу трансферот на Нејмар во Реал?
Објавено на 25/03/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Поранешниот капитен и сегашен директор во раководната структура на Барселона, Карлес Пујол вели дека не би го изненадило доколку поранешниот играч на Барселона, Нејмар биде ново летно засилување за лутиот и вечен ривал на “каталонците”, тимот на Реал Мадрид.

Последниот период интензивно се шпекулира за незадоволството на Нејмар во ПСЖ, па се почести се најавите за негово враќање во Шпанија. Пујол е речиси сигурен дека Нејмар сака да направи трансфер во Реал Мадрид, а единствена пречка е високата сума која ќе мора да му се исплати на ПСЖ.

„Да, дефинитивно може да се случи Нејмар да го засили Реал Мадрид летово. Интуицијата ми говори дека тоа ќе се случи. Единствено мислам дека ќе има потешкотии околу договорот за трансфер, поради огромната сума, но гледаме дека во денешниот фудбал ниту тоа не е некаква пречка. Ако Нејмар одлучи да замине, а сметам дека веќе има одлучено. тогаш и ќе замине во Мадрид“ – изјави Пујол.

Пујол и Нејмар играа заедно една сезона во Барселона (2013/2014), по што легендарниот дефанзивец одлучи да се пензионира.

Тагови