Рабио го донесе ПСЖ во водство, Роналдо израмни од пенал (1-1) ВИДЕО
Објавено на 14/02/2018 | ФУДБАЛ

Фудбалерите на ПСЖ први дојдоа во водство на гостувањето на Сантијаго Бернабеу со голот на Адриен Рабио во 33тата минута, по грешката на дефанзивците на Реал Мадрид.

Пред самиот крај на првиот дел, Крос беше срушен во шеснаесетникот од дефанзивецот на ПСЖ, Берчиче, по што судијата Џанлука Роки покажа на белата точка.

Кристијано Роналдо беше сигурен реализатор на најстрогата казна во 45тата минута.

Тагови