Работнички го изненади шампионот МЗТ
Објавено на 16/02/2016 | КОШАРКА, МАКЕДОНСКИ СПОРТ

Кошаркарите на Работнички направија вистинска сензација откако во “Градски Парк” го совладаа тимот на МЗТ со 74-71.

“Центарци” одлично отворија веќе на стартот имаа предност од 11-0, а веќе на половина од првата четвртина имаа 16-5. Аеродромците успеаа да ја намалат предноста на крајот па така првата четвртина заврши  19-13. Во втората четвртина се чинеше дека работите дојдоа на свое место кога МЗТ поведе со 27-28, но на полувреме се отиде со 33-33.

Во вториот дел Работнички повторно влезе како на почетокот на натпреварот, тие успеаа да направат серија од 8-0, и да дојдат до највисоки 13 разлика, но МЗТ повторно се врати, и третата четвртина заврши со резултат 57-54. Во последните 10 минути МЗТ направи пресврт и поведе со 52-62, но потоа ветеранот Димитар Мираковски погоди тројка, а уфрли и неколку клучни слободни фрлања. Гостите не успеаа да реализираат неколку напади во серија, па “пенал” завршницата им припадна на домаќините кој на крајот победија.

Тасевски постигна 19 поени, а Чековски 15, додека Мираковски заврши со 11 поени. Кај МЗТ најефиксен беше Луковиќ со 22 поени.

По ова 17 коло во македонската Супер Лига, Работнички сега има 7 победи, а МЗТ 2 пораза. Во следното коло Работнички го пречекуваат кавадаречки Фени, а МЗТ ќе биде домаќин на Кожув.

Тагови