Работнички – Шкендија во воведот на 24. коло
Објавено на 02/04/2016 | Мак Фудбал, ФУДБАЛ

Со дерби дуелот Работнички – Шкендија денес од 16 часот на Националната Арена Филип II Македонски ќе се отвори 24 коло од Македонската Фудбалска Лига. Ова е натпревар од особена важност за двата тима. Шкендија мора да победи за да остане во чекор за борбата за титулата додека пак Работнички мора да победи за да остане конкурентен за третата позиција.

„Паузата е искористена за консолидирање на нашиот состав, најголем дел од фудбалерите кои беа повредени сега ќе му бидат на располагање на тренерот Томислав Франц. Тоа ни влева многу поголема самодоверба пред утрешниот натпревар со Шкендија дека имаме сили да оствариме успех. Го респектираме ривалот, се работи за навистина квалитетна екипа, меѓутоа веруваме дека можеме да стигнеме до позитивен резултат“ изјави Миле Цикарски во пресрет на овој натпревари.

Утре од 16 часот во Чаир се игра и другото дерби на ова коло. Шкупи на домашен терен ќе го пречека лидерот на табелата Вардар. Исто како и натпреварот помеѓу Работнички и Шкендија и овој натпревар е од голема важност за двата тима. Шкупи со победа ќе остане на третата позиција што носи во Европа Лигата додека пак Вардар со победа ќе биде чекор поблиску до титулата. Во овој термин се играат и преостанатите натпревари од ова коло. Во Охрид, Младост од Царев Двор ја пречекува екипата на Брегалница од Штип, во Кратово, Силекс игра против Ренова додека пак во Скопје, Металург ја пречекува екипата на Хоризонт Турново.

Тагови