Работнички стартува на 10. јануари
Објавено на 06/01/2017 | Мак Фудбал, ФУДБАЛ

Екипата на Работнички своите зимски подготовки за вториот дел од сезоната ќе ги започнат во вторник, 10. јануари. На терените на ФК Работнички во Градскиот Парк, Виктор Треневски, шефот на стручниот штаб, првата прозивка ќе ја има во вторник со почеток од 12 часот.

Во рамките на овој подготвителен период “Романтичарите” традиционално ќе претстојуваат во Анталијата каде хотелот “Мирикл Ресорт” ќе биде базата. Во ова популарно турско одморалиште екипата од Скопје ќе одигра четири пријателски натпревари, а противниците ќе бидат дополнително објавени.

Првиот натпревар во ПМФЛ Работнички ќе го одигра на 19. февруари кога ќе гостува кај екипата на Македонија од Ѓорче Петров.

Тагови