Радванска триумфираше во Пекинг
Објавено на 09/10/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Агниешка Радванска го освои втор пат во кариерата турнирот во тенис на тврда подлога во кинеската престолнина Пекинг со награден фонд 6,29 милиони долари. Пoлската тенисерка ја победи во финалето Јоана Конта од Велика Британија со 6:4, 6:2 за 95 минути.

Така Радванска ја освои 20-та титула во кариерата, трета сезонава и втора во Пекинг по 2011 година. Таа е само втората тенисерка со две титули од турнирот во Пекинг по американката Серена Вилијамс.

Со достигнувањето до финалето Конта стана првата британка во топ 10 на светската ВТА листа по Џо Дури која беше десетта во светот две недели во 1984 година.

Тагови