Раул Гонзалез: “Ќе ја искористиме паузата за добро да се подготвиме”
Објавено на 05/03/2018 | Slider, РАКОМЕТ

Вардар имаше завршен напад за победа на вчерашниот дуел со Висла Плок, но на крај резултатот заврши нерешено  (31-31), во натпреварот од последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите.

Голманите на Вардар на овој дуел беа под својот просек, а исто така и одбраната која сезонава е заштитен знак на европските шампиони не функционираше најдобро. Токму пропустите во дефазнивата како клучни ги посочи и тренерот на Вардар, Раул Гонзалес во изјавата по натпреварот.

„Висла одигра многу добар натпревар. Нашата одбрана не функционираше толку добро, имавме многу проблеми. Секогаш кога имаме успех, одбраната добро ни функционира, но сега не беше така. Среќен сум што завршивме на првото место, борбата беше многу тешка. Имавме силни противници и многу тешки натпревари. Играчите дадоа се од себе и горд сум на нив. Ќе ја искористиме паузата до четвртфиналето добро да се подготвиме“ – изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Како првопласиран во групата А, Вардар обезбедува директен пласман во четвртфиналето од ЛШ во кое ќе игра со победникот од осминафиналниот дуел меѓу ПИК Сегед и Кил.

Тагови