Разочараниот Карабатиќ: Кире Лазаров е ракометен великан, но го одигра натпреварот на кариерата
Објавено на 27/05/2018 | Slider, РАКОМЕТ

ПСЖ важеше за најголем фаворит за титулата во ЛШ на Ф4 во Келн, но оваа година во полуфиналето налетаа на нова македонска пречка, откако претходната година загубија во финалето од нашиот шампион Вардар. Сега ѕвездите од Париз загубија во полуфиналето од Нант, тимот на нашиот најдобар ракометар, Кире Лазаров.

Еден од најдобрите играчи на ПСЖ и поранешен соиграч на Кире од Барселона, Никола Карабатиќ, изјави дека парижани не се надевале на ваков развој на настаните. Но, очигледно дека мотивираноста е поголема од сите пари на светот и желбата за успех преовладува, над се останато.

„Ова најмалку го очекувавме, сеуште не можам да поверувам што се случи… Верувавме во финале, но едноставно не можевме против расположениот Нант. КиреЛазаров е ракометен великан, но можеби го одигра својот натпревар на кариерата, феноменално. Не можевме да го запреме. Едноставно човекот беше незапирлив. Тоа беше пресудно“ – изјави Никола Карабатиќ.

Тагови