Реал Мадрид најде замена за Пепе

Европскиот клупски шампион Реал Мадрид го вклучи во првиот тим за сезоната 2017/2018 младиот дефанзивец Хесус Ваљехо. 20-годишниот дефанзивец ќе биде заменик на 34-годишниот португалски ветеран Пепе, чиј договор со “кралевите” истекува на крајот на јуни и нема да биде обновен.

Реал Мадрид го купи Хесус Ваљехо од родниот тим на младиот талент Сарагоса во 2015 година, за кого платија 6 милиони евра. Сезона 2015/2016 Ваљехо ја помина под наем во Сарагоса, а минатата сезона беше во германскиот Ајнтрахт Франкфурт, каде одигра 25 средби во Првата Бундеслига.

Тагови