Релито Дакар повторно низ Перу
Објавено на 23/03/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Познатото рели Дакар повторно ќе помине низ територијата на Перу во 2018 година, објавија организаторите на трката.

Освен во Перу, најтешката трка за моторни возила ќе помине и во Боливија и Аргентина. Стартот на трката е на 4-ти јануари, а финалето – на 20-ти.

Во оваа година релито исто мина низ територијата на Аргентина и Боливија, но и во онаа на Парагвај, кој отпаѓа за следното издание.

Перу беше домаќин на рели Дакар за првпат во 2012 година, кога во главниот град Лима беше финалето на трката, а во 2013 година таму беше стартот.

Тагови