Ретро: Вардар – Црвена Ѕвезда 3:1 (ВИДЕО)
Објавено на 02/10/2017 | Мак Фудбал, РАЗНО, ТАЈМ АУТ, ФУДБАЛ

Во рамките на 3. коло од првата лига на Југославија на Градски во Скопје силите ги одмерија екипите на Вардар и Црвена Ѕвезда. Црвено-црните пред преполниот стадион во Скопје ја совладаа тогаш фаворизираната Ѕвезда со 3-1.
Панчев, Рингов и Георгиевски беа стрелци на трите гола за домаќините, а единствениот гол за гостите го постигна Халиловиќ.
За Вардар на овој натпревар настапија: Живановиќ, Јовановски, Симовски, Димитровски, Сетинов, Најдовски, Јаневски, Здравков, Георгиевски, Панчев, Савевски и Рингов.

Тагови