РФМ сака да организира ЕП
Објавено на 15/05/2017 | Slider, МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАКОМЕТ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја објави листа на земји кои изразија интерес за организација на Европското првенство и во конкуренција ај мажите и кај жените во 2022 и 2024 година.

Македонија е единствената земја која ја изрази својата желба да го организира ЕП 2022 и 2024 година во двете категории.

Кандидатите за ЕП 2022 кај мажите се: Белгија, Шпанија, Франција, Чешка, Унгарија, Словачка, Данска, Германија, Швајцарија, Македонија, Русија и Белорусија.ЕХФ ЕУРО 2022 (жени)
Македонија

За ЕП 2024 кај мажите се: Чешка, Унгарија, Словачка, Данска, Швајцарија, Германија, Македонија и Литванија.

Кандидат за ЕП во 2022 кај жените е само Македонија.

Кандидати за ЕП 2024 кај жените се: Македонија и Русија

Одлука за домаќин на четирите турнири ќе биде донесена на Конгресот на ЕХФ во Единбург на 18-ти и 19-ти јуни следната година.

Тагови