Рикардо Кака се прости од фудбалот

Со пораз и солзи, бразилската легенда, Кака, се збогува со фудбалот. Орландо Сити, чии бои ги бранеше бразилескиот фудбалер досега, загуби со 0:1 дома од Колумбус во натпревар од американското првенство (МЛС). Дуелот беше последен во професионалната кариера на Рикардо Кака и носителот на “Златната топка” за 2007 година беше исклучително емоционален уште пред првиот судиски сигнал, како камерите ги уловија солзите во очите. Тој неодамна објави дека нема да го обнови договорот со клубот во кој се приклучи во 2014 година.

Рикардо Кака има 92 натпревари и 29 гола за бразилската репрезентација, со која стана светски шампион во 2002 година. На клубско ниво Кака има еден трофеј од Лигата на Шампионите и една титула на Италија со Милан, а со “росонерите” го освои и еднаш Суперкупот на Европа, Суперкупот на Италија и светското клубско првенство.

Со Реал Мадрид стана шампион на Шпанија, и исто така, го освои шпанскиот Куп и Супер куп. Во својата професионална кариера, Кака го носеше дресот и на бразилски Сао Паоло.

Тагови