Рио 2016: Комплетирани полуфиналните двојки во кошаркарскиот турнир во женска конкуренција
Објавено на 17/08/2016 | КОШАРКА

По победата на Франција над Канада со 68-63 и пласманот на Французинките во полуфиналето, се комплетираа полуфиналните двојки во кошаркарскиот турнир во женска конкурнеција. Така, кошаркарките на Србија кои во 1/4 финалето ја елиминираа Австралија ќе играат против Шпанија која пак тесна ја совлада Турција со 64-62. Во другото полуфинале, Франција ќе игра против САД која издвојува убедлива победа над Јапонија со 110-64.
Полуфиналните натпревари се играат утревечер, а бранител на златото е репрезентацијата на САД која во Лондон во 2012 година славеше над Франција.

Тагови