Рио 2016 (Кошарка) Убедлива победа на САД, Србија поразена од Австралија
Објавено на 09/08/2016 | КОШАРКА

Кошаркарската репрезентација на САД ноќеска забележа уште еден убедлив триумф откако со 113-69 ја совлада репрезентацијата на Венецуела.  Со исклучок на првата четвртина која заврши 18-18 во сите останати кошаркарите на САД издвојуваа убедливи победи.

И Франција лесно помина против Кина совладувајќи ја со 88-60, со што “Петлите” ја забележаа првата победа на Олимписките Игри по поразот од Австрија пред два дена.

Репрезентацијата на Србија пак, вчера вечер беше исто така убедливо поразена од одличната Австралија со 95-80 со што “Кенгурите” ја забележаа втората победа на оваа Олимпијада по триумфот над Франција.

РЕЗУЛТАТИ: Ден 3

Србија – Австралија 80-95
САД – Венецуела 113-69
Франција – Кина 88-60

На табелата во Групата А водат САД и Австралија со 4 поени пред Србија и Франција со по два освоени поени односно Венецуела и Кина на дното без освоен поен. Натпреварите од групата Б се играат вечерва.

Тагови