Рио 2016: Уште еден кикс на Бразил, Мексико со пресврт до убедлива победа (ВИДЕО)
Објавено на 08/08/2016 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

По ремито во воведниот натпревар против Јужна Африка, репрезентациајта на Бразил забележа уште еден изненадувачки резултат одигрувајќи идентично 0-0 и против репрезентацијата на Ирак. И покрај огромната доминација на теренот сепак Нејмар, Габриел Хесус, Андерсон, Ренато Аугусто и останатите ѕвезди не успеаа да постигна гол и по двата воведни натпревари има исто толку нерешени и освоено само два поени.

Втор нерешен резултат одигра и Германија која со голот на Гнабри во 93 минута го избегна поразот од Јужна Кореа и одигра само 3-3.

Мексико пак, ја потврди фаворитската улога против Фиџи и иако по првите 45. минути губеше со 1-0 сепак на крајот со пресврт во вториот дел забележа висока победа од 5-1.

Во продолжение се комплетните резултати од второто коло од групната фаза.

ГРУПА А
Бразил – Ирак   0-0
Данска – Јужна Африка   1-0

ГРУПА Б
Јапонија – Колумбија   2-2
Шведска – Нигерија   0-1

ГРУПА Ц
Германија – Јужна Кореа   3-3
Фиџи – Мексико   1-5

ГРУПА Д
Хондурас – Португалија   1-2
Аргентина – Алжир   2-1

 

 

Fiji U23 vs Mexico U23 1-5 Full Highlights 7/8… by Movie_HD_2015
 

 

 

Тагови