Ристовски доби бразилец за соиграч
Објавено на 27/09/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, РАКОМЕТ

Најуспешниот тим во историјата на ракометот, Барселона Ласа ќе го засили списокот со првата бразилска ѕвезда – Тиагус Петрус Гончалвес Дос Сантос. Средниот бек има 28 години, и е исто така успешен во дефанзивните задачи во дресот на унгарскиот ПИК Сегед, ќе го започне своето патување во “Блауграна” од следната сезона.

Бразилецот ја одигра својата трета сезона во тимот предводен од шпанскиот тренер Хуан Карлос Пастор. Истиот период бразилецот помина во шпанскиот тим Натурлус Ла Риоха, што беше негово прво европско ракометно искуство.

Тагови