Робен повторно повреден, го пропушта двомечот со Бенфика

Крилото на Баерн Минхен никако неможе да се опорави сезонава од многубројните повреди. Одигра девет натпревари во септември, пет во ноември, па повреда, се врати за натпреварот во Купот против Борусија Дортмунд, но на истиот натпревар се повреди, потоа одигра неколку натпревари овој месец и сега повторно е на боледување.

Овој пат тоа е пауза од пет недели, иако во почетокот се сметаше дека заздравувањето ќе трае значително пократко. Робен, според тоа, сигурно нема да игра во четвртфиналните судири со Бенфика во Лигата на шампионите.

Нешто позитивно за Баерн е тоа што Кингсли Коман и Марио Гетце се вратија на теренот.

Тагови