Робен: “Пред мене и Рибери има уште неколку години фудбал на највисоко ниво”

Крилото на Баерн Минхен Арјен Робен смета дека има уште што може да придодаде на тимот. Холанѓанецот има 32 години, но се наоѓа во одлична форма и верува дека може да биде корисен и во следните неколку сезони. Слично е мислењето на Робен и за клубскиот колега Франк Рибери, кој до неодамна беше надвор од терените поради повреда, но веќе се врати во игра.

“Убеден сум дека пред мене и Рибери има уште неколку години фудбал на највисоко ниво. Многу се радувам што Френк се врати во тимот. Ако продолжи да игра на овој начин, тој заслужува да е репрезентативец, бидејќи поседува извонредни квалитети”, изјави Робен за “Билд”.

Многумина очекуваат Рибери да биде дел од францускта репрезентација на престојното европско првенство.

Тагови