Розберг: “Хамилтон е поталентиран од мене”
Објавено на 08/06/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Шампионот Нико Розберг изјави дека е подготвен заедно со Луис Хамилтон да ги поправат односите и да го продолжат пријателството. Додека беа тимски колеги во Мерцедес ривалството на патеката успеа да им го растури некогашното пријателство, но сега, кога Розберг веќе не се натпреварува во Формула 1, може да го остави зад себе минатото.

“За да успеам, требаше да сум таков, целосно посветен и да не правам никакви компромиси. Тоа беше единствениот начин. Во Формула 1 има пилоти, повеќе талентирани од мене. Можеби клубскиот колега. Тој е еден од најдобрите пилоти на сите времиња и е неверојатен противник. Веќе поминаа пет месеци. Не гледам причина да не сме пријатели повторно”, изјави Розберг.

Розберг во моментов размислува за впуштање во Формула Е.

Тагови