Сан Антонио и Мајами елиминирани, Бостон го превзема водството
Објавено на 25/04/2018 | КОШАРКА

Синоќа во НБА лигата беа одиграни три натпревари од првото коло во плејофот, а два тима веќе успеаја да да обезбедат пласман во следната рунда.

По двата пораза во низа, кошаркарите на Бостон Селтикс им се вратија на победите во четвртфиналната серија со Милвоки Бакс. Некогашниот голем шампион со минимални 92-87 го совлада својот ривал и стигна до водство од 3-2 во оваа серија. Хорфорд со 22 беше најпрецизен во победничкиот тим, а кај Милвоки се истакна Мидлтон со 23 поени.

Место меѓу четирите најдобри екипи во Источната конференција синоќа обезбеди и тимот на Филаделфија, кој славеше над Мајами Хит со 104-91.

Најдобриот играч во целата серија, Бен Симонс, имаше уште еден солиден натпревар и забележа 14 поени, 10 скока и 6 асистенции, додека Џоел Ембид стигна до 19 поени и 12 скока. Најефикасен кај Сиксерс беше Џеј Џеј Редик, кој постигна 27 поени, од кои 15 дојдоа од зад линијата за три поени.

Вториот тим кој беше елиминиран беше тимот на Сан Антонио Спарс кој не успеа да му се спротистави на тимот на Голден Стејт Вориорс кој со резултат во петиот натпревар со 99:91 и конечни  4-1.

Најдобри поединци во победничкиот тим беа Кевин Дурент со 25 поени и Клеј Томпсон со 24 поени.

 

 

Тагови