Сањол се врати во Баерн Минхен

Поранешниот играч на Баерн Минхен Вили Сањол се врати во клубот во улогата на помошник на тренерот Карло Анчелоти. Французинот потпиша за две години со баварците и се приклучи на штабот на Анчелоти, во кој влегува уште неговиот син Давиде Анчелоти.

40-годишниот поранешен бек играше за Баерн во периодот 2000-2009 и ја освои Лигата на Шампионите во 2001 година, како и пет титули и четири куп титули на Германија.

Како тренер работеше во младинската репрезентација на Франција и во Бордо.

Тагови